Со доделување на наградите за најдобра актерка на Билјана Драгичевиќ-Пројковска и за најдобар актер на Владимир Тулиев, во неделата во Пустец, Албанија, заврши осмото издание на фестивалот Македонско културно лето.
На 2 август, на најголемиот македонски празник Илинден, Заврши 8-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија. Покрај домашната публика која на општо задоволство е во се поголем број, фестивалот го посети и публика од Македонија.
Ова година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации, на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, плоштадот Европа во Леска и плоштад Јане Сандански во Зрноско – соопшти организаторот на фестивалот, здружението „Сонце“. Фестивалот беше отворен на 29 јули со претставата на Драмски театар – Скопје „Последните Македонци“ во режија и авторство на Сашо Миленковски, по што следуваа „Македонска приказна„ во режија на Боњо Лунгов на Театарот за деца и младинци – Скопје, „Парче душа“ во режија и авторство на Љупчо Тодоровски Упа, „Спанаќ со пржени компири“ на авторот Золтан Егреши, во режија на Ненад Витанов на Театарот „Џинот“ – Велес.
Последната фестивалска вечер настап имаше Никола Тодоровски од Охридскиот театар. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и Општина Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст