Четиринаесет годишно девојче и 10 годишно момче се меѓу петте жртви од невремето кое попладнево го зафати Тетово и околината.
Како што потврдуваат од СВР Тетово, малолетно девојче на возраст од 14 години во безживотна состојба било донесено во тетовската Клиничка болница. Нанос од вода, кал и камења во Голема Речица исфрлил и тело на десетгодишно момче чиј идентитет дополнително ќе се утврдува.
Како што информираат од СВР Тетово, пристапот бил отежнат поради големите наноси на вода и камења кои со голем напор и во најбрзо можно време биле отстранети со помош на тешка механизација и луѓе. Од Центарот за управување со кризи потврдуваат за уште три жртви во Шипковица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.