Дирекцијата за заштита и спасување со вработените од подрачното одделение во Тетово е излезена на терен и ја следи ситуацијата. Во овој момент се ангажирани осум градежни машини кои помагаат во расчистување на теренот од надојдената вода. Доколку е потребно ќе бидат ангажирани и дополнителни машини.
Според извештајот во 20:30 часот состојбата се стабилизира, се намалуваат врнежите, почнува да се повлекува реката Пена. По повлекување на водата остануваат наносите од кал и дрва.
Се апелира до граѓаните на зафатениот регион да го намалат движењето, особено со моторни возила освен ако тоа не е неопходно, за да се овозможи несметано движење на механизацијата која работи на терен.
Поради излевање на реката во село Доброште по обилните врнежи во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради свлечишта и камења на патот.
Сообраќајот на сите државни патишта, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија, се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Според извештаите од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, во вечерните часови ова подрачје е зафатено од големо невреме.
Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа застој во сообраќајот во дел од овој регион. Излеана е реката Пена, забележани се повеќе одрони и свлечишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст