| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдена првата жртва од невремето во Тетово

Потврдена е првата жртва од невремето во Тетово. Како што неофицијално се дознава станува збор за малолетно дете од Голема Речица.

11825002_1013707981983422_5077627597810246360_n

Телото на починатиот било исфрлено од Речишка река со видливи повреди во пределот на главата.

Невремето кое попладнево ја зафати речиси цела Македонија, најголема штета предизвика во тетовско. Се јавува за одрон на свлечишта и непроодни места.

Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште, Шипковица.

Од ЦУК пак тврдат дека состојбата се смирува, а дел од исчезнатите се пронајдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top