| четврток, 6 декември 2018 |

Јосиповиќ: „Бура“ треба да се слави со подадена рака

josipovicПоранешниот хрватски претседател  и лидер на новооснованата политичка партија „Напред Хрватска – прогресивна унија“, Иво Јосиповиќ, смета дека воено-полициската операција „Бура“ треба да се празнува како „важен ден за хрватската историја со подадена рака кон оние кои биле од другата страна“, информира Танјуг.

Пред одбележувањето на 20-годишнината од операцијата, која Хрватска ја празнува како  Ден на победата и татковинската благодарност и Ден на заштитниците на Хрватска, Јосиповиќ изјави дека „Бура“ значи конечно ослободување на земјата од окупацијата по многу дадени жртви и разурнувања.

-Чествувањето на „Бура“ треба да биде такво што ќе можеме да кажеме дека по победата во војната, победивме и во мир.  „Бура“ треба да се празнува како мир, да биде ден во кој ќе ја празнуваме победата и нашите бранители, но и ќе оддадеме почит на сите невини жртви, изјави Јосиповиќ во интервју за весникот “Независне новине“ од Бања Лука.

Јосиповиќ во интервјуто истакнува дека многу пати ги посетуивал не само местата каде загинале хрватски жртви, туку и местата каде загинале цивили од српска националност.

-За жал, не бев следен од други политичари, изјави хрватскиот политичар, кој констатира дека историјата покажува дека во кризни ситуациии се засилува национализмот и важно е каква позиција заземаат политичарите, бидејќи радикализмот и омразата никогаш не им донеле ништо добро на луѓето и државите.

Според Јосиповиќ, актуалната политичка сцена во Хрватска е бурна, маркирана од економската криза и нараснатата конфронтација меѓу Хрватската демократска заедница и Социјалдемократската партија на идеолошки план.

-Место за развој и напредок, се уште се водат битките од Втората светска војна, од Татковинската војна, се ловат поранешни агенти на Државната безбедност,  се поттикнува омразата, рече поранешниот хрватски претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top