| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата на Шумахер се подобрува

sumaher-500
Сабина Кем, менаџерката на седумкраниот шампион на светот во Формула 1, изјави дека состојбата на Михаел Шумахер се подобрува.
-Има мало подобрување. Тоа дава надеж за опоравување, изјавила Кем за „Билд“.

Четириесетишестгодишниот Шумахер се уште се опоравува од тешките повреди на главата со кои се здоби во декември 2013-та година на скијање во Франција.

Некогашниот возач на Ферари неколку месеци беше во вештачка кома, а од несреќата не се појавил во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top