Академско предавање на тема „Бизнис климата и инвестициските можности во Македонија“ се одржа денеска на угледниот Универзитет Кртин во австралискиот град Перт во организација на почесниот конзул на Република Македонија во Западна Австралија, Зоран Ќосески.
Пред бројните високи претставници на австралиската Влада, деловни луѓе, странски дипломати и научници, амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Веле Трпевски одржа академско предавање и ги претстави инвестициските можности, што ги нуди Република Македонија со посебен акцент на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските
Амбасадорот Трпевски се осврна на бизнис климата и поволните услови за странски инвеститори особено на реформите и мерките кои Владата ги презема во насока на подобрување на деловната клима, бизнис опкружувањето и даночната политика. – Реализирање што поголем број странски инвестиции преку континуирано унапредување на условите за водење бизнис и постојани средби и состаноци со бизнис заедницата и овозможува на државата дополнително да ги развива бизнис можностите за компаниите во Република Македонија, рече Трпевски.
На академското предавање се обратија и деканот на Бизнис факултетот проф. д-р Миле Терзиовски, како и почесниот конзул на Република Македонија, Зоран Ќосески.
Инаку во рамки на својата посета на Западна Австралија амбасадорот Трпевски и конзулот Ќосески беа гости во Парламентот на Западна Австралија, каде разговараа со високи претставници на Владата и опозицијата за начините за унапредување на трговско деловните односи мегу Македонија и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст