Актерот и член на групата „Фламингоси“, Маринко Маџгаљ, кој во четвртокот е итно опериран поради проблеми со панкреасот, до крајот на неделата мора да оди на уште една операција.
Како што пишува српски Курир, здравствената состојба на актерот е многу сериозна, па овие денови би требало да се одржи конзилиум на лекарски екперти кои на основ на резултатите на Маринко ќе проценат дали неговиот организам би можел да издржи уште една операција.
-Неопходно е на Маџгаљ повторно да му се направи рендген и уште некои дополнителни анализа за лекарите да може да одлучат што понатаму. Тој во моментов не се чувствува добро бидејќи е исцрпен од операцијата и прегледите. Според лекарските прогнози, неопходна му е уште една операција, но потребно е прво тој да закрепне од претходната. Но, како стојат работите засега, неговиот организам е слаб и не би било паметно во таква состојба да оди под нож, открива за Курир извор близок од Маринко.
Девојката на актерот Лана Секулиќ секојдневно го посетува и се грижи за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


