| четврток, 6 декември 2018 |

На Сицилија уапсени 11 членови на мафијата

mafija

Италијанската полиција денеска уапси 11 лица под сомнение дека се поврзани со раководството на сицилијанската мафија во бегство, вклучително и поранешниот шеф кој раководеше со тајниот систем на пораки за мафијата, користејќи ја шифрата „овци во база“.

Тројца од уапсените се постари од 70 години. Матео Месина Денеро (53), кој е во бегство од 1993 година, ја користеше фармата во Мазару деле Ваљо за да комуницира со своите приврзаници на старински начини, со шифрирани пораки напишани на хартија.

Меѓу уапсените е и поранешниот шеф Вито Гондола (77), кој ги повикуваше членовите на кланот и ги предупредуваше за секоја нова порака, која беше ставана по камен на фармата и често беше уништувана откако ќе беше прочитана.

Пораките кои телефонски ги пренесувал Гондола биле „Ви оставив сирење рикота, на страна за вас, дали подоцна ќе дојдете“, „На овците им е потребно стрижење… треба да се наострат ножиците“ или „Сеното е подготвено“.

Полициската истрага го следела испраќањето пораки од 2011 до 2014 година со помош на скриени камери и микрофони околу фармата во близина на Трапани, западна Сицилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top