
Русија одлучи да спои неколку отсеци на својата армија во воздушно-вселенски сили, а целта на реорганизацијата е да се подобри координацијата и ефикасноста, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојугу.
Тој посочи дека одлуката претставува оптимален начин за подобрување на системот за национална воздухопловна одбрана. Новата гранка на армијата вклучува национални воздухопловни сили, противвоздушна одбрана, антиракетени и веселнски сили.
Шојгу наведе дека реорганизацијата е поради се поголемото значење на воздухот и вселената, како компоненти на модерното војување.
За командант на воздушнп-вселенските одбранбени сили поставен е генерал полковник Виктор Бондарев, досегашен командант на воздухопловните сили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


