| четврток, 6 декември 2018 |

Распишана потерница за популарен балкански пејач

dadosl

Фолк-пејачот Дадо Полумента се најде на потерница бидејќи крадел струја во својот стан во Белград. Имено, „Електродистрибуција” против него поднела кривична пријава, но пејачот не одговорил на поканите за во суд, па затоа по него е распишана потерница, така што полицијата ќе го уапси штом ќе го забележи.

-Дадо Полумента ќе биде на потерница и полицијата ќе го уапси штом ќе го забележи. Неколку пати му се испратени покани на адресата што ја пријави како место на живеење, но тој не прими ниту една покана, бидејќи поштарите не го најдоа на дадената адреса. Ангажиран е и Одделот за потера, а поканата му беше упатена и преку лица што ги познава, но бадијала, тој не се појави на суд, открива извор за „Свет”.

Според изворот, суштината на пријавата е тоа што пејачот недозволено се приклучил на мрежата на „Електродистрибуција” и крадел струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top