
Мексиканскиот фудбалер Цезар Ромеро, е нов член на македонскиот шампион Вардар. Тој игра во нападот, а до сега настапуваше за тимот на Пјуник од Ерменија каде што беше најдобар стрелец во првенството минатата година.
Во својата кариера настапувал и во екипите на Чивас од Америка, во Мурчиелагос од Мексико, а има играно и во Германија во екипата на Танхаузен.
Ромеро во минатата сезона во Ерменија од 25 настапи, постигна 26 погодоци и е најзаслужен за освојување на шампионскиот пехар во ова првенство.
– Мило ми е што дојдов во Вардар. За клубот не знаев речиси ништо, меѓутоа ми кажаа за амбициите и за желбите. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме. Лани дадов 26 голови на 21 натпревар, и бев прв стрелец во Ерменија. Сега сакам да бидам прв стрелец и во Македонија. Секако, со повеќе голови кои се моја работа и моја обврска, изјави Ромеро за клупскиот сајт на Вардар.
Новото засилување на Вардар знае дека од тимот се бараат секогаш победи и секогаш титули.
– Да, добро го знам тоа. Ми го кажаа кога се договаравме со екипата дека од Вардар се бараат трите титули во идниот шампионат и дека на секој натпревар тимот оди на победа. Тоа и јас го посакувам, да победувам, да славам. Да постигнувам што повеќе голови и се надевам дека ќе ја оправдам довербата која ми је укажана да бидам дел од оваа екипа. И она што е најважно Вардар да победува и да дојде до сите трофеи, истакна Ромеро.Договорот со Ромеро е на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Вардар го доби осмото ново засилување во своите редови за овој преоден рок. Претходно
„црвено-црните“ потпишаа договори со Филип Гачевски, Владица Брдаровски, Немања Мијушковиќ, Дарко Велковски, Бобан Николов, Хуан Фелипе и Ацо Стојков.Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


