| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас во болница: Се гушел од премногу стрес!

Aleksis-Cipras1

Алексис Ципрас во петокот ненадејно почувствувал мачнина и тешкотии со дишењето, но со оглед на тоа дека бил свесен што му се случува, рекол дека сака неговиот лекар да го прегледа. Наскоро се јавил од болницата за да ги извести медиумите дека е добар, а неговите блиски соработници истакнале дека најверојатно му се слошило поради преоптоварување и многу работа и обврски.

„Добро се чувствува, и најважно, не е ништо сериозно”, рекле од кабинетот на Ципрас, а пренесува грчкото радио Алфа.
Останатите медиуми веднаш поврзале дека Ципрас се наоѓа во многу тежок период после одлуката сепак да ги потпише договорите со кредиторите и да се согласи на строгите мерки на штедење наметнати од Европската унија. Оттогаш се наоѓа под жесток притисок, како од јавноста во Грција, така и од меѓународните партнери, кои од него очекуваат во што пократок рок да донесе серија нови закони и да обезбеди пакет финансиска помош за Грција.

Покрај тоа, поради таквата промена на политиката, тој беше обвинет за предавство и неисполнување на предизборните ветувања од дури 29 колеги од партијата Сириза, чиј лидер е самиот тој. Поради тоа, тој минатата недела дури и најави дека е подготвен да распише и нови избори, а дека пред тоа во септември ќе биде одржан клучен конгрес на партијата на кој ќе се види дали таа и понатаму може да функционира во овој состав.

Мајка му загрижена

Неодамна мајката на Ципрас рекла во интервју дека е многу загрижена за здравјето на својот син бидејќи тој премногу работи, многу малку спие и згора на сé, речиси и не јаде.

„Се плашам дека нешто би можело да му се случи”, рекла таа, и нагласила дека нејзиниот син речиси никогаш не се гледа со семејството, што му претставува голема тешкотија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top