
Заталкан проектил од огнено оружје синоќа вознемирил брачен пар, кои одморале во дворот на семејната куќа на улицата „Балиндолска“ во Гостивар. Зрно од куршум прво удрило во покривот, а потоа паднало во непосредна близина на столчето до кое седала домаќинката.
Според СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 23 часот кога Ј.С. (53) со неговата сопруга седеле во дворот. Тој слушнал продорен звук, а набрзо потоа и удар во ќерамидите од покривот. Пред нозете на сопругата забележал метално парче за кое се посомневал дека е зрно од куршум и пријавил во полиција. По извршениот увид, утврдено е дека станува збор за заталкан куршум, кој наверојатно е испукан на некоја од семејните веселби кои деновиве зачестено се организраат во Гостивар и околината.
Ова е втор случај на пријавено оштетување од заталкан куршум за последниве десетина дена. Во друг случај, неодамна едно десетгодишно дете од населбата Фазанерија го загуби животот во сличен инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


