Украинскиот претседател Петро Порошенко во изјава за РФИ го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ја сака „цела Европа“, оценувајќи дека е можна агресија на Русија врз Финска и балтички држави.
– Путин ќе оди онолку далеку колку што ќе му се одобри. Тој ја сака цела Европа, изјави Порошенко.
Тој додаде дека со анексијата на Крим и агресијата на исток во Украина, Путин го разбил меѓунардониот безбедносен систем.
– Дали е можа агресија врз Финска? Да. Финска е добро свесна за тоа. Агресијата на балтички држави, дали е можна? Сигурно. Агресијата на просторот на Црно Море дали е можна? Да, предупредува Порошенко.
Тој вели дека Украинците кои се борат на исток во државата се борат за демократија. слобода и безбедност на европскиот континент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст