| четврток, 6 декември 2018 |

Кога и зошто треба да се јадат банани

woman eating banana preview
Бананата е одличен извор на калиум и пектин, како и магнезиум и витамин Ц и Б6. Богата е со антиоксиданти што штитат од слободни радикали. Состојките во бананата може да помогнат во намалување на отоци, пружаат заштита од дијабетес тип 2, помагаат при напорите за слабеење, го зајакнуваат нервниот систем и го поттикнуваат создавањето на нови бели крвни клетки. Токму затоа се препорачува како идеално овошје што треба да го вклучите во појадокот или ужинката пред ручек бидејќи здравите јаглени хидрати што ги содржи даваат чувство на ситост. Одличен додаток се на појадокот од житарки со млеко или како додаток на смуди или шејк. Бананите се препорачуваат и во исхраната при зголемена умствена и физичка активност.

Наспроти општото мислење дека не треба да се јаде банана навечер бидејќи е блага, нутриционистите велат дека шеќерите што се содржат во бананата се здрави. Затоа може да јадете банана навечер бидејќи ќе ве заситат и нема да посегнете по сендвичи и грицки, а исто така ќе му помогнат на телото подобро да ги прими витамините и минералите што ги содржи во текот на ноќта. Бананата се препорачува и за луѓе со висок притисок, а исто така ги смирува желудочните киселини на природен начин. Бананата може да се јаде во секоја етапа од зреењето, од зелена до потполно зрела. Зрелите банани содржат повеќе антиоксиданси и антиканцерогени материи од зелените, но треба да се има предвид дека исто така содржат и повеќе шеќер. Колку е позрела бананата и колку се потемни дамките на лушпата, толку повеќе се зголемува нејзината способност да го зајакне имунитетот. Зрелата банана со темни дамки има 8 пати поголема ефикасност во подобрување на функцијата на белите крвни клетки од зелената банана. Ако сакате да го избегнете брзото покажување на нивото на шеќер во крвта јадете ја додека не е целосно зрела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top