| четврток, 6 декември 2018 |

Три најлесни прашања, а никој не го знае одговорот

прасалник
Стартап компанијата Slack која вреди 2.8 милијарди долари на луѓето кои доаѓаат на интервју за вработување им поставува прашања кои се сосема поинакви од стандардните прашања како: Каде се гледате за 5 години? или Кои се вашите слаби страни?

Стјуарт Батерфилд, основач и генерален директор на Slack, открива 3 прашања кои ги добиваат кандидатите за работа.

Еве ги тие 3 едноставни прашања:

1. Колку е 3х17?

2. Наведете 3 држави во Африка.

3. Во кој век се случила Француската револуција?

За сите оние кои имаат општествено образование прашањата би требало да бидат неверојатно лесни, но како што наведува Батерфилд, „ќе се зачудите колкав е бројот на луѓето кои не успеваат да одговорат на овие прашања или кои за краток момент целосно се збунуваат“.

„Не очекувам точно да одговорат на прашањата, но она што сакам да го откријам преку нив е како и дали воопшто луѓето се интересираат за светот околу нив“ – објаснува Батерфилд.

Покрај милтидисциплинарниот квиз, Батерфилд има и ново важно прашање за кандидатите за вработување:

„Сите ги прашувам што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Добри одговори се оние одговори кои се однесуваат на тоа што сакаат да научат, кои работи мислат дека би сакале да ги научат, но досега немале можност и што сакаат да постигнат во својот живот. Краткиот одговор во секој случај е лош“.

>
>
>
>
>
>
>

ОДГОВОРИТЕ…

1. 51

2. Постојат 54 земји во Африка од кои барем неколку го вклучуваат во себе зборот Африка. Дополнителни поени добиваат оние кандидати кои ќе ја наведат земјата Јужен Судан која е единствена независна држава од 2011-тата година.

3. 18-ти век (1789). Кандидатите кои ќе ја наведат револуцијата од 1848 година исто така добиваат поени со оглед на тоа што се земаат плус/минус 200 години од точниот датум.

Извор: Студенти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top