| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајна несреќа кај Скудриње, автомобил прегази пешак

Policija_lenta_krajsleri
Седумнаесет годишно момче е тешко повредено и во лоша здравствена состојба е пренесено на скопски клиники, откако синоќа околу 22:30 било прегазено од возило кое се движело по регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на селото Скудриње.

Според информациите на СВР Тетово, возилото “фолскваген-пасат” со охридски регистерски ознаки, кое го управувал И.И.(31) од Охрид, удрило во пешак кој се движел по патот и притоа тешко го повредил. Набрзо по несреќата на С.Р (17) прва помош му пружила екипа од здравствениот дом „Ростуше“, по што итно е прфрлен во гостиварската болница. Од ударот, момчето имало повеќе скршеници и во тешка здравствена состојба итно е пренесено на скопските клиники.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top