Чешкиот претседател Милош Земан им упати порака на бегалците на чешка територија дека никој не ги поканил во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
– Доколку не ви се допаѓа тоа, одете си, изјави Земан во денешното интервју за порталот „Блеск“.
Тој повтори, дека најдобро на мигрантите може да им се помогне во нивните земји, најверојатно мислејќи на бегалците од Блискиот Исток и од Африка.
Земан смета дека Чесите може да очекуваат и прилив на имигранти од Украина, кои според него „за разлика од оние исламските имаат поголема способност за асимилација“.
Шефот на чешката држава, оценувајќи ја позитивно работата на домашната полиција во откривање на бегалците повтори дека Армијата е подготвена да постави 1.500 војници за заштита на границата од имигранти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти