| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Изградивме музеи и споменици за нашите херои

Nikola-Karev-SpomenikЕдно од симболичните гестови на оддолжувањето од  оваа генерација, се градењето на спомениците на великаните на македонската историја, музеите, имињата на улиците, булеварите, плоштадите, населбите и мостовите, со нивните имиња, книгите и монографиите за нив, документарните филмови за нивните дела и страдања, ликовните дела и други симболични чекори и гестови со кои се залагодаруваме на нашите предци кои се жртвуваа за својот народ. Но, тоа се симболичните гестови.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод Денот на републиката – 2 Август, пред споменикот на претседателот на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто во Скопје.

Најважните чекори во правец на продолжување на нивните дела, додаде Груевски, е зацврстувањето и напредокот на државата, обезбедувањето на мирот и безбедноста на земјата и народот, подобрувањето на животот на народот во секој поглед, развојот на демократјата и човековите права, развојот на образованието, на економијата, на владеењето на правото, обезбедувањето на стабилност на државата и нејзин континуиран напредок во секој поглед

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top