Откако заврши сагата околу Серхио Рамос со нов договор, тренерот на Реал Мадрид Рафа Бенитез се одлучи да го продаде португалскиот репрезентативец Пепе.
Бенитез оваа сезона како стопери ќе ги искористи Рамос и Варан, па поради договорот на Пепе што му истекува следната сезона со кралскиот клуб, тој ќе мора да биде продаден.
Тиражниот весник „Марка“ тврди дека тој скоро сигурно ќе биде продаден до крајот на летово, со цел да се вратат барем дел од 30-те милиони евра што му беа платени на Порто, наместо следното лето тој да си замине од Мадрид без никаква отштета.
Жозе Мурињо не ја криеше желбата да го доведе Пепе во Челси, а во ситуација кога не може да се договори со Евертон за трансферот на Стоунс, лесно може да се случи португалскиот стратег вниманието да го насочи кон својот сонародник, кој би бил достапен за трансфер за околу 12 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Капитенот на Шпанија го прослави голот со албанскиот орел?! (видео)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)