Премиерот Никола Груевски денес испрати порака до другите политички партии во Македонија во никој случај да не ја потценуваат дијаспората.
-Најновите притисоци кои доаѓаат кон нас, а во правец да се елиминираат пратениците на дијаспората, заради калкулантски дневно политички ситни интереси, ќе ја оддалечи од нас оваа структура на луѓе која непрестајно, и во добри и во тешки времиња помага на Македонија. Барањата преку разни законски акробации, да се сведе работата на ниеден или најмногу еден пратеник од дијаспората, ќе испрати лош сигнал до најверните наши надворешни подржувачи, рече Груевски.
Груевски го искажа и својот став во врска со бројот на пратениците од дијаспората.
-Ако јас се прашувам,бројот на пратеници од дијаспората треба најмалчку да се триплира, а не да се елиминираат и сегашниве- порача Груевски.
-Дијаспората, не само што испраќа огромна финансиска помош за нивните блиски во Македонија, туку помага и на многу други начини, преку политички и економски лобирања, но се повеќе и преку помали или поголеми инвестиции во Македонија. Во бројни ситуации кога се боревме да привлечевме компании во Македонија, различни здруженија на дијаспората ни отвораа врати на многу места, лобираа и помагаа колку што можат.Немојте да го потценувате нивниот труд. Независно што мал дел од нив гласаат, ќе ги погоди и оние кои гласаат, и оние кои не гласаат, посочи македонскиот премиер.
Груевски заклучи дека симболиката со нивни минимален број нивни претставници во парламентот им значи, и треба да останат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии