Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.
Највисоката температура се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, со УВ индекс 8.
Во Скопје претпладне претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер. Највисоката дневна температура ќе достигне околу 36 степени.
Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и во вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 литри на метар квадратен), а ќе има и услови за појава на град. Тие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.