Осум луѓе се повредни во саботата во масовна тепачка во бегалскиот камп во источногерманскиот град Дрезден.
Кавгата и потоа тепачката меѓу педесетина Сиријци и Африканци морала да биде разбиена со поставување на два кордона полицајци и четиринаесет патролни возила.
– Мажите и жените во тепачката посегнуваа по сешто што можеа да го зграбат, од колци за ограда до рамки за кревети – изјавил портпаролот на полицијата.
Засега не е позната причината за судирот меѓу двете бегалски групи. Поради тензичната ситуација во кампот, редот ќе го одржуваат 80 германски полицајци.
Доаѓањето на околу илјада бегалци во Дрезден последната седмица го разгоре антиимигрантското расположение во овој град на истокот од Германија, каде се одржаа низа протести против одлуката да се подигне бегалски камп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.