| четврток, 6 декември 2018 |

Пораки во Загреб: „Војната е готова, одете си дома!“

На улиците на Загреб се појавија натписи и пораки против воената парада што треба да се одржи на 4. август по повод одбележувањето на годишнината од воено-полициската акција „Бура“

zagreb paroli

Пораките се „Војната е готова, одете си дома!“ и „Војната е готова, слободно!“.

– На хрватското општество не и е потребна милитаризација туку соочување со минатото и изградба на мир. Неприфатливо е на овој начин да се одбележува „Бура“, во која стотици луѓе загинаа, беа протерани, изчезнати – истакна Јулија Кранец од Центарот за мировни студии .

И политичкиот аналитичар од Загреб, Жарко Пуховски наведе дека не треба воена парада и оти тоа е беспотребно трошење на пари. Тој додаде дека Хрватска со парадата сака да ја сокрие својата воена немоќ.

– Воена парада за мала нација е прескапа и промашена забава, посочи Пуховски.

На 4. август во Загреб првпат со воена парада ќе се одбележи годишнина од воено-полициската акција „Бура“, со што се одбележува и Ден на победа и Ден на хрватските бранители. На 5. август Денот на победата и Денот на хрватските бранители ќе бидат одбележани во Книн.

Во операцијата „Бура“ (од 4. до 9. август 1995 година) од Хрватска се протерани 220.000 Срби, речиси 2.000 загинаа или се водат за исчезнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top