| четврток, 6 декември 2018 |

Јолевски: Илинден е празник со кој треба да се гордеат сите граѓани на Македонија

По повод големиот државен празник Илинден министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

jolevski

– Втори август е празник со кој треба сите граѓани на Македонија да се гордеат. Непокорот и одлучноста да се создаде независна држава е споменот кој сите ние го носиме кон оние кои ги дадоа своите животи за својата земја. Токму затоа наша цел и обврска, денес, уживајки ги сите права и слободи во независна и суверена Република Македонија, е да придонесеме кон уште попросперитетна и поразвиена држава, наведува Јолевски во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top