| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус се судри со автомобил кај Демир Хисар

Попладнево околу 18 часот на магистралниот пат Битола – Кичево кај Демирхисарското село Желензец се судриле автобус кој сообраќал на линијата Битола-Кичево и еден автомобил со битолски регистарски таблички, јави „ТВ Орбис“.

policiska-lenta-1

Првичните информации од терен говорат дека повредени се двете лица кои се наоѓале во автомобилот од кои едното е малолетно дете. Со возило на Итната медицинска помош од Демир Хисар тие се префрлени и хоспитализирани во Клиничкиот центар во Битола.

Од автобусот нема повредено патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top