| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Со лажни телефонски повици, станувате жртва на крадци

Летните месеци отсекогаш биле критични за семејствата кои заминуваат на летување, бидејќи голем дел од нив домовите ги оставаат празни. Тогаш крадците не ни размислуваат за одмор, туку веднаш се впуштаат во акција, влегуваат во туѓите домови и ги крадат највредните работи што ќе ги најдат.

За да обезбедат повеќе информации за целниот објект и да го дознаат точниот ден кога домот ќе биде целосно празен, на крадците во минатото им  беа потребни дури неколку дена постојано следење на сопствениците кои се подготвуваа да заминат на летување. Сега, кроењето на тактиката најчесто се случува на социјалните мрежи, чекајќи луѓето да објават фотографии од местата каде што моментално престојуваат и така да бидат сигурни дека сопственикот на нивната мета, домот, е стотици километри далеку.

НЕПОСТОЈНИ АГЕНЦИИ НА ТЕЛЕФОН

Во последниот период, модерните крадци почнаа да ги користат и телефонските линии за подобро да го истражат теренот. На пример, тие ви се јавуваат на вашиот број, ви се претставуваат како организатори на некаква игра на среќа и почнуваат да ве распрашуваат за вашето слободно време. Но не треба да ве зачуди и доколку ви се јават од некоја туристичка агенција која, всушност, не постои.

– Неколку дена по ред бев контактирана од претставник од некоја туристичка агенција која ми нудеше евтини понуди за летување. Ме прашуваше кога планираме да заминеме на патување, а човекот беше доста убедлив во своите разговори. Сепак, решив да проверам за што станува збор, за на крајот да сфатам дека таа туристичка агенција воопшто не постои и не е регистрирана во нашата држава – вели Николина Станоевска, жителка на населбата Волково, чиј дом веќе трипати е мета на крадците.

Целата сторија на „Нова Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top