| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Осама бин Ладен загина во авионска несреќа

Роднини на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен се меѓу четирите жертви во авионската несреќа во Јужна Англија, потврди амбасадорот на Саудиска Арабија во Лондон, но тој не го откри идентитетот на загинатите. Англиски „Телеграф“ објави дека меѓу загинатите се неговата сестра и маќеата.

Саудискиот амбасадор принц Мохамед бин Науаф Абдел-Азиз изрази сочувство до семејството Бин Ладен, кое е сопственик на голема градежна компанија во Саудиска Арабија.

– Амбасадата ќе ја следи истрагата за несреќата и ќе се погрижи за побрзо транспортирање на телата на жртвите до Кралството, посочи амбасадорот Абдел-Азиз.

Авионот „Феном-300“ кој полета од Милано се урна при слетувањето на аеродромот Блекбуш во Хемпшир. Леталото се урна врз аеродромскиот паркинг и се запалило.

Семејството на Осама бин Ладен се откажа од него во 1994 година откако Саудиска Арабија му го одзеде државјанството поради неговата радикална дејност. Тој беше убиен од американски командоси во Пакистан во 2011 година.

Семејството Бин Ладен е многубројно и богата. Таткото на Осама, Мохамед беше милијардер и имаше над 50 деца. Тој загина во авионска несреќа во Саудиска Арабија во 1967 година. Еден од неговите синови, Салем  загина откако со мал авион удри во далековод во Сан Антонио, Тексас, во 1988 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top