| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите вознемирени од истрелите, ловната сезона ја помешаа со акција на МВР

Ловната сезона на прелетен дивеч започна денеска во Кумановско. Како што соопштија од локалното Ловечко здружение „Сокол“, утрово, од 5:30 до 9:30 часот, дваесетина ловџии од Италија и Грција започнале со лов на ловиштето кај Слупчане, во месноста викана Аџитепе и кај Љубодраг во месноста викана „Каваџик“.

Од ловечкото здружение објаснија дека дозволите и ловот се издаваат и  изведуваат согласно Законот за лов и дека се испочитувани сите законски норми и процедури за старт на ловната сезона.
Изутрината жители во околината на ловиштата биле вознемирени од истрели, за кои некои портали објавија дека полицијата спроведува антитерористичка акција во липковскиот регион, што беше демантирано од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top