| четврток, 6 декември 2018 |

Од денес може да набавите смарт картички за електронска наплата во автобусите на ЈСП

Од денеска сите скопјани ќе можат да набават смарт картички за електронска наплата во автобусите на ЈСП. Картичката ќе можат да се купи во осумте инфо центри на ЈСП кои се наоѓаат на разни ликации низ Скопје. Дополнително ќе бидат поставени и автомати на 3 локации и тоа Рекорд, Транспортен центар и Бит пазар каде што исто така ќе можат да се извадат овие картички и да се надополниуваат со средства. Процедурата за издавање на оваа картичка е многу едноставна и брза, а чини 200 денари. Од кога ќе помине тест периодот оваа смарт картичка„ Скопска“ ќе важи и за приватните автобуси.

Прв ваква електронска картичка денека во инфо центрот на ЈСП спроти Министертвото за финансии доби градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски кој заедно со директорот на ЈСП „Скопје“ Игор Јанушев го промовираа  новиот  систем за наплата во автобусите на ЈСП и системот за автоматска локација на возила.

-Овие електронски картички ќе овозможат на граѓаните кои што ќе ги извадат многу полесно и побргу да влегуваат во автобусите, ќе се зголеми проточноста или ќе се намали времето за влегување на патниците во автобусите, ќе се зголеми можноста за правење на разни анализи на ЈСП , на која автобуска колку патници се качиле, колку се симнале, на кои автобуски линии има поголем број на патници, истакна Трајановски.

Вкупната вредност на оваа инвестициија е околу 3 милиони евра и е од буџетот на град Скопје.

-Со автоматската локација на автобусите ќе се овозможи секој од автобусите да биде лоцитран во секое време, од почетната па до крајната станица, на секоја автобуска станица до соодветната линија ќе има сигнална лампа која што ќе свети зелено или црвено во зависност од тоа дали автобусот на таа станица стигнал навреме, рече Трајановски.

Со новиот системот за автоматска локација на возила ќе се овозможи автобусите да бидат точни и да доаѓаат на време, а кога ќе има некои проблеми веднаш ќе може да се реагира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top