| четврток, 6 декември 2018 |

Дука: Елбасан нема да биде втор Белград, натпреварот ќе биде вистински спортски празник

Претседателот на Фудбалската федерација на Албанија, Армандо Дука, ветува дека на фудбалскиот натпревар против Србија во Елбасан нема да се повторат настаните од Белград.

Во интервју за ревијата „Јава“ Дука зборува и зошто реваш натпреварот не се одржува во Скадар, како што претходно беше најавено, туку во Елбасан.

-120 денови пред натпреварот треба да се предложи стадионот каде би се одржал натпреварот.УЕФА е таа која врши инспекција на стадионот за да ја верификува неговата состојба. Ние предложивме натпреварот Албанија-Србија да се одигра на стадионот во Скадар, на што од УЕФА добивме негативен одговор со препорака безбедносните услови за овој натпревар треба да бидат на максимално ниво, вели Дука.

Според него на неколкуте средби со премиерот Еди Рама и првите луѓе на безбедносните структури околу организацијата на натпреварот, нивна преокупација и желба била натправрот да има сосема пинаква слика од оној на 14 октомври лани во Белград.

-Наша преокупација и желба е овој натправар да добие боја на вистински спортски празник и да му покажеме на светот дека ние сме европски граѓани, но и дека имаме албанска традиција на гостопримство,додава првиот човек на албанската фудбалска федерација.

Тој оценува дека шансите на албанската национална фудбанлска репрезентација да замине на европското првенство во Франција се околу 80 проценти.

Запрашан за кандидатурата на Мишел Платини за прв човек на ФИФА, Дука вели : „Не сум изненаден. Мишел повеќе од осум години ја води УЕФА и забележа голем напредок, што му дава целосно право да може да биде и на чело и на ФИФА. Му посакувам успех“.

Реванш натпреварот Албанија-Србија ќе се игра на осми октомври на новиот стадион „Елбасан Арена“ во Елбасан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top