| четврток, 6 декември 2018 |

Нудат добра плата и бесплатен смештај – ретко кој сака да работи

Најстарата фабрика за преработка на риба, „Мардешиќ“ на хрватскиот Дуги Оток, одбележа 110 години од работењето. Преку рацете на работниците за една година поминуваат седум милиони конзерви риба.

Но, најголемиот проблем на менаџментот е недостигот на работна сила и покрај тоа што со работата нудат бесплатен смештај.
5
-Иако фабриката постојано има отворен оглас, многу ретко некој се јавува за работа, вели Марина Деполо директорка на фабриката Мардешиќ.
Според неа, ретко кој сака да се пресели на остров, а државата се уште не им излегла во пресрет со намалување на цените на траектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top