Според официјалните српски статистики оваа година почесто се затвораат отколку отвораат нови фирми, пренесува „Вечерње новости“. За два месеца се регистрирале 5200 нови продавници, а затвориле нешто помалку од 7 илјади. Разликата е за цела илјадарка поголема од ланскиот почеток на годината во Србија, наведуваат од таму. Додаваат дека се затвораат најмногу неспецијализирани дуќанчиња со храна и цигари, по што следат ресторани и таксисти.
Според тоа каква дејност најмногу се регистрира, граѓаните проценуваат дека најисплатливо во Србија е да се занимавате со подготвување и послужување на храна, потоа трговија со облека и текстил но на тезги, а дури потоа во продавница.
За разлика од нив, затворени се помалку компании. Основани се над 1500 нови, а затворени 440. Тоа е трипати помалку од лани, но сепак во меѓувреме е сменет законот за автоматски стечај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


