| четврток, 6 декември 2018 |

Зукерберк сподели: ќе стане татко по неколку обиди

markМарк Зукерберг, основачот на Фејсбук, пред малку сподели со јавноста дека тој и неговата животна сопатничка Присила Чан очекуваат ќерка.

– Ова ќе биде ново поглавје во нашите животи. До сега ја имавме таа среќа и можност да допреме до животите на многумина во светот, Сила како доктор и едукатор, јас низ оваа мрежа и филантропијата. Сега се фокусираме на создавање на свет како подобро место за нашето дете и следната генерација – напиша Зукерберг.

Тој истовремено сподели дека до сега двајцата имале неколку неуспешни обиди за создавање на наследници последните години.

mark status-Многумина не дискутират за пометнувања бидејќи се грижите дека вашите проблеми ќе ве одалечат или ќе влијаат врз вас, како да сте причината. И се борите со тоа сами. Во денешниот отворен и поврзан свет, зборењето за овие теми не не одалечуваат, туку не зближуваат. Создаваат разбирање и толеранција и даваат надеж. Кога за ова почнавме да зборуваме со нашите пријатели, сфативме колку често тоа се случува и дека многумина имале слични искуства. Се надеваме дека со споделувањето на нашето искуство ќе им ја всади надежта која ние ја почувствувавме и ќе помогне многумина да се почувствуѕваат комотни исто така да ги споделат своите искуства. Нашата добра вест е дека бременоста е во напредна фаза со што ризикот од пометнување е многу мал а нашата надеж е голема- напиша основачот на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top