| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија од проширувањето на ЕУ заработила 39 милијарди евра

avstrijaНовите земји членки на Европската унија (ЕУ) од 2004 година на Австрија и донеле профит од 39 милијарди евра, а и во времето на економски и социјални турбуленции и натаму ќе останат профитабилни пазари за Австрија.

Оваа земја во Словенија и Хрватска е прв директен инвеститор, а во Бугарија, Романија, Чешка и Словачка е втор, додека во Унгарија се наоѓа на четврто место.

Инвестициите на Австрија во источна  Европа, од 400 милиони евра во 1990 година, во 2012 година нараснаа на 67,2 милијарди евра.

Инвестициите во седум нови земји на ЕУ, меѓу 2006 и 2014 година, на Австрија и донесоа заработка од 31 милијарди евра, додека четвртина од 8,3 милијарди евра се реинвестирани во земјите од централно-источна Европа.

Најголем поврат на инвестициите има од Чешка, со 6,7 милијарди евра, а потоа од Унгарија со 3,8 милијарди евра. На трето место е Словачка со 3,47 милијарди евра, по која следат Романија со 2,99 милијарди евра, Хрватска со 2,49 милијарди евра,  Полска со 2,2 милијарди евра и Словенија со 982 милиони евра.

Според  анализата на Виенскиот институт за споредбена меѓународна економија, клучен економско-политички предизвик за цела ЕУ мора да биде зголемување на економскиот раст, за да може да се сузбие масовната невработеност.

Во тој поглед, пред се, мораат да се мотивираат секторот на потприемаштво кој ќе мора да прекине со заштеди и да почне со инвестиции. Според економските стручњаци, свежиот капитал ќе ја поттикне конјуктурата и ќе ги стабилизира националните економии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top