| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Новите американски санкции нема да останат без одговор

russian-sanctions-dollar-dominanceНовите американски санкции против Русија нема да останат без одговор, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.

– Такви провокативни потези не само што ги уништуваат руско-американските односи, туку ја попречуваат и соработката во решавањето на другите глобални проблеми. Секако, не можеме а да не реагираме на таквата политика, соопшти руското МНР.

САД вчера соопштија дека воведуваат дополнителни санкции против руски и украински правни и физички лица. Министерството за финансии наложило мерки против осум правни и физички лица во Русија и Украина, кои пружале помош на Генадиј Тимченко, познат руски милијардер, трговец на гас, претходно санкциониран поради врски со Кремљ.

Предмет на нови санкции се и две фирми, кои помагале на  Борис Ротенберг, руски бизнисмен и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Санкциите беа воведени како одговор на дејствијата на Русија во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top