Во трката побрзо да се одработи и да се оцрни премиерот и воопшто ВМРО-ДПМНЕ, медиуми финансирани од СОРОС денеска „паднаа“ на обична шега и невнимание во приватна, но јавно достапна преписка меѓу новинари и политичари на социјалните мрежи.
Обидот за ваквата дрска и безобразна манипулација го покажува степенот на кој се паднати опозицијата и нејзините мегафони, кои мора да се служи со вакви ниски и лажни вести за да ја дезинформира јавноста.
Опозициските Мактел и Либертас креираа „вест“ дека премиерот Никола Груевски се појавил со нови очила во Собранието на седницата за пратенички прашања. Соросовите портали тврдат дека на фотографијата се гледале очила за сонце оставени до премиерот, за кои уште и прашуваат дали биле “обични и купени по просечна цена“.
За каква ниска и смешна манипулација се работи потврдува самата фотографија, на која очила за сонце гледаат само опозициските медиуми, бидејќи до премиерот Груевски нема никакви очила, туку слушалки какви што имаат сите претставници во Законодавниот дом пред себе.
За опозициските платеници очигледно нема граници кога лагите и манипулациите се во прашање, но овој пример се чини дека досега е најеклатантниот за тоа со какви измислици се служат опозициските мегафони во обидот да одработат за СДСМ.
Опозициските медиуми по којзнае кој пат на дело се фатени како манипулираат со граѓаните, но македонскиот народ многу пати досега покажа дека знае да ги препознае ваквите манипулации преку кои директно се навредува неговата интелигенција, поради што опозицијата веќе девет години е казнувана на изборните соочувања, но сепак продолжува да ги потценува граѓаните.
Овој последен пример воедно покажува колку ниско треба да се спуштат “професионалните“ новинари на Заев за да ги исполнат хировите на најтесното раководство на СДСМ и притоа не само што ги кршат основите новинарски стандарди и правила, туку одат и дотаму што прават будали од себе во одработувањето за опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Експлозивна направа пронајдена во близина на домот на Сорос