| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Гасоводот се гради со полна пареа

gasovod
Компаниите што се стационирани во технолошко-индустриските развојни зони произведуваат и извезуваат стока и добра чија вредност е веќе околу една третина од целокупниот извоз на Република Македонија, истакна денеска премиерот Никола Груевски, кој одговараше на пратеничко прашање во Собранието на Република Македонија,

За споредба, рече тој, пред само седум, осум години на сите овие места каде што се наоѓаат зоните имаше главно полјани без ниту една изградена фабрика.
Инвестирањето во Македонија е една од стратешките цели на Владата, која вели премиерот, е силно посветена со големи човечки ресурси.

Во однос на гасификацијата, во моментов, потсети тој, се гради гасоводот помеѓу Клечовце, Кумановско и Штип односно некаде осум километри по Штип.

– Гасоводот се гради со полна пареа. Планот е да биде завршен јуни следната година. И јас се надевам дека нема да има некој застој и дека тоа успешно ќе се заврши. Но, веќе Владата работи и на реализација на втората фаза. Ако ова можеме да го кажеме прва фаза, втората е фазата која, се надеваме, правиме максимални напори и подготовки да започне некаде околу новата година, а тоа е продолжување на гасоводот од Штип до Неготино, од Неготино до Прилеп и од Прилеп до Битола, како и од Скопје до Тетово и од Тетово до Гостивар. Заедно со министерот Ставрески и со другите правиме максимални подготовки тоа да започне, физичката градба да започне некаде околу нова година и во наредните година до година и пол да биде целосно завршена, рече премиерот Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top