| четврток, 6 декември 2018 |

Неславно македонско лето за српските турбофолкери

acalukassabanlepabrena

Му кажува ли Македонија „НЕ“ на турбофолкот. Ова лето одложени серија концерти на српските турбофолк ѕвезди. Последен во низата одложени концерти е оној на Аца Лукас кој беше закажан за 2 август во Кадмо во Охрид.
Претходно се откажаа и концертот на Шабан Шаулиќ, а пред неколку месеци, Македонците и кажаа „не“ и на Лепа Брена.

Иако организаторите излегуваа со различни оправдувања, сепак јасно е дека концертите пропаѓаат поради тоа што нема интерес кај публиката, односно продажбата на карти оди катастрофално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top