| четврток, 6 декември 2018 |

Четири пати неделно за убав тен, петпати за среќа

Познато е дека сексот е одличен за вашето здравје, но придобивките што ги има вашето тело од него зависи од тоа колку пати неделно го практикувате. Сите стручњаци за секс, како и психолозите ќе ви кажат дека сексот е добар за здравјето, но колку придобивки ќе имате од него, зависи од вас.

Колку почесто практикувате секс, толку поздрави ќе бидете, а во зависност од бројот на денови за време на неделата кои ги поминувате во жешки игри во креветот ќе имате повеќе или помалку здраствени предности.

Еднаш неделно

Сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржувањето на вашата линија. Водењето љубов го стимулира лачењето на хормонот окситоцин, хормонот на љубов, кој, освен што предизвикува блискост меѓу партнерите, придонесува и за помирен и поквалитетен сон, вели д-р Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот „Рутгерс“.

Повеќе сон – помалку килограми, бидејќи спиењето го регулира лачењето на хормоните грелин и летин, кои се одговорни за чувството на глад.

Двапати неделно

Луѓето што уживаат во сексот најмалку двапати неделно имаат 30 проценти поголемо ниво на имуноглобин, кој на организмот му помага да се одбрани од болести, тврди едно американско истражување. Доколку имате редовен секс, имунитетот ќе ви се зајакне, па помали се шансите да „закачите“ некоја инфекција.

Трипати неделно

Сексот ја зголемува работата на срцето и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку трипати неделно се изложени на двојно помал ризик од инфаркт отколку тие што не го практикуваат, според истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Бристол.

Четири пати неделно

Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Доколку сте често „зафатени“ во спалната соба, подолго време ќе останете младолики. За време на сексот се зголемува производството на колаген, кој ги спречува брчките и пегите на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои биле вклучени во истражувањето на оваа тема. Квалитетниот сексуален живот допринесува за одличен тен и блескава коса, бидејќи циркулацијата за време на сексот се забрзува. Со самото тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Забрзаната циркулација поттикнува и ослободување на токсини.

Петпати неделно

Редовните сексуални односи го подигнуваат општото ниво на енергија, не прават пооптимистички настроени и покреативни (на сите полиња, не само во креветот), Покрај ова, вашиот однос со партнерот ќе биде поквалитетен, истакнува д-р Фишер.

Шестпати неделно

Сексот не прави попaметни. Подобрата циркулација значи дека и мозокот подобро работи, а кога ќе доживееме оргазам, доживуваме и „експлозија“ хормони, кои можат да влијаат и на нашите интелектуално моќи на најпозитивниот можен начин.

Седум пати неделно

Доколку успеете да го изведете ова, секоја чест. Тоа значи дека не дозволувате да вe спречуваат другите фактори, како стресот, да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги забрзува анксиозните растројства, кои се толку чести во денешното време, покажало истражувањето, а објаснувањето кое се крие зад ова е најверојатно зголеменото лачење на ендофрин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top