| четврток, 6 декември 2018 |

„Известија“: Повеќе од 200 илјади рубли е просечната сума за поткуп во Русија

Речиси двојно е зголемена сумата за поткуп во Русија од лани – од 109.000 на 208.000 рубли, се вели во податоци на Министерството за внатрешни работи на Русија.

русија

Според анализа на Фондот Јавно мислење, над половината Руси сметаат дека секој зема поткуп ако му биде понудено. Во тоа се убедени над 51 отсто од граѓаните во државата, објави весникот „Известија“.

Полицијата не крие дека давањето и примањето поткуп е на ниво на национална катастрофа во Русија. Стручњаци тврдат дека годишните штети од поткуп за економијата во Русија достигнуваат стотици милиони долари, додава весникот во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top