| четврток, 6 декември 2018 |

Илинденскиот аманет обврска за сите

Во новиот број на Република ќе читате:

unnamed (4)

Со­ни­шта­та на на­ши­те хе­рои

Илинденскиот аманет обврска за сите

Праз­ни­кот Илин­ден е ден ко­га го праз­ну­ва­ме ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, ден ко­га се сла­ви хе­ројс­тво­то на илин­ден­ци­те од 1903 го­ди­на и од 1944 го­ди­на, ден ко­га се по­тсе­ту­ва­ме на си­те тие што со сво­ја­та смрт или со сво­ја­та хра­брост по­мог­на­ле да се дој­де до ова што го има­ме де­нес. Но, Илин­ден е и мо­мент ко­га тре­ба да се пра­ша­ме да­ли со­од­вет­но ги по­чи­ту­ва­ме де­се­ти­ци­те ил­ја­ди жр­тви, из­го­ре­ните ку­ќи, уни­ште­ните чо­веч­ки суд­би­ни и да­ли со сво­и­те де­неш­ни де­ла, ба­рем мал­ку, ги сле­ди­ме че­ко­ри­те на слав­ни­те пред­ци.

izbori-1

Се­кои из­бо­ри по но­ви пра­ви­ла од опо­зи­ци­ја­та

Ди­јас­по­ра­та трн во око на СДСМ

Опо­зи­ци­ја­та по­втор­но се из­жи­ву­ва врз гла­са­чи­те каз­ну­вај­ќи ги за из­бор­ни­те по­ра­зи. Ако цел­та на СДСМ се де­мо­крат­ски из­бо­ри, то­гаш ни­ка­ко не би тре­ба­ло да ја иск­лу­чу­ва ди­јас­по­ра­та, ко­ја, мо­же­би, нај­до­бро ги жи­вее сво­и­те при­до­би­вки. Но, бор­ба­та на СДСМ про­тив исе­ле­ни­ци­те е ток­му по­ра­ди тоа што го пре­поз­на­ва (не)де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет на по­ра­неш­ни­те ко­му­ни­сти

spiro_ristovski_intervju

Ин­терв­ју: Спи­ро Ри­стов­ски

Се фокусираме на знаењето и креативноста кај младите

Во но­ва­та учеб­на го­ди­на по учеб­ни­ци­те на Кем­бриџ ќе учат и уче­ни­ци­те од че­твр­то до ше­сто од­де­ле­ние, а од 2016/2017 го­ди­на ќе би­дат оп­фа­те­ни и уче­ни­ци­те од сед­мо до де­вет­то од­де­ле­ние. Со ова, пра­ктич­но, ги ели­ми­ни­ра­ме си­те ди­ле­ми да­ли одре­ден учеб­ник или про­гра­ма е до­бра или не и да­ли со­од­вет­ству­ва на во­зра­ста на уче­ни­кот или не, вели заменик министерот за образование Спиро Ристовски во интервју за Република.

ahmeti-i-grubi

ДУИ пред исто­ри­ски пре­диз­вик

Али Ах­ме­ти мо­ра да ре­ши кој пат ќе го фа­ти

Не­при­кос­но­ве­ни­от ли­дер на Де­мо­крат­ска­та уни­ја за ин­те­гра­ци­ја има најм­но­гу три до шест ме­се­ци за за­ед­но со сво­и­те со­ра­бот­ни­ци и со пар­ти­ски­те ор­га­ни да ре­ши ка­ква ид­ни­на са­ка за се­бе и за сво­ја­та пар­ти­ја. По­ли­тич­ки­те нас­лед­ни­ци на Ос­ло­бо­ди­тел­на­та на­род­на ар­ми­ја, ко­ја во 2001 го­ди­на поч­на вна­тре­шен конф­ликт оби­ду­вај­ќи се да до­бие по­го­ле­ми пра­ва за Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, во што де­лум­но ус­пеа, се­га се на­о­ѓа­ат пред нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик во сво­е­то по­сто­е­ње.

655-402-gotvene

Пре­ку обу­ка до вра­бо­ту­ва­ње

Пазарот бара го­твачи, коз­ме­ти­чари, шмин­кери

За мер­ки­те за вра­бо­ту­ва­ње пре­ку обу­ка, за­ин­те­ре­си­ра­ност има и од стра­на на не­вра­бо­те­ни­те, кои се стек­ну­ва­ат со но­ви ве­шти­ни за ра­бо­та, но и од фир­ми­те кои на овој на­чин офор­му­ва­ат по­ква­ли­те­тен ка­дар, за да по­доц­на дел од не­го вра­бо­тат и во сво­и­те ре­до­ви. Про­цен­тот на ус­пеш­ност до­се­га е на за­до­во­ли­тел­но ни­во, од­нос­но отка­ко се ре­а­ли­зи­ра оваа про­гра­ма учес­тву­ва­ле 970 не­вра­бо­те­ни ли­ца, до­де­ка 436 се стек­на­ле со ра­бот­но ме­сто.

toploten-uda

Мо­дер­ни­от за­па­ден свет не­по­треб­но ни вле­ва страв

Сме има­ле и ќе има­ме по­топ­ли ле­та од ова

Кли­ма­то­ло­шки­те про­ме­ни и из­не­на­ду­ва­ња­та што знае да ги при­ре­ди при­ро­да­та со мош­не ви­со­ка или не­во­о­би­че­но ни­ска тем­пе­ра­ту­ра и во лет­ни­те ме­се­ци не се ни­што но­во и не­во­о­би­ча­е­но, твр­дат ме­те­о­ро­ло­зи­те од Упра­ва­та за хи­дро­ме­те­о­ро­ло­шки ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа, до­да­ва­ат де­ка е еви­дент­но де­ка по­драч­је­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во лет­ни­те ме­се­ци го за­фа­ќа­ат пер­и­о­ди со ви­со­ка тем­пе­ра­ту­ра, што се по­твр­ду­ва пре­ку по­да­то­ци­те за ап­со­лут­на­та ма­кси­мал­на тем­пе­ра­ту­ра на воз­ду­хот од пре­ку 40 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни, кои во не­кои гра­до­ви, ка­ко што се Скоп­је, Штип и Ге­вге­ли­ја, мо­жат да по­тра­ат и по не­кол­ку де­на.

 

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top