| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број барања за азил во Австрија

Во првата половина од оваа година во Австрија се поднесени 28.311 барања за азил што е повеќе отколку во целата измината година, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

imigranti

Бројот на молби расте драматично во изминатите месеци по што прогнозите на Министерството сега се дека до крајот на годината ќе има повеќе од 80.000 молби.

Минатата година базање за азил поднеле само 28.027 луѓе. Повеќе од половината подносители на молби се со потекло од Сирија и Авганистан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top