Кошаркарите на Куманово во наелектризирана атмосфера ја победија Лирија со 103-89 и ќе играат во полуфиналето на националниот куп. Кожув ќе им биде противник по триумфот над Вардар со 80-67.
Мечот меѓу Куманово и Лирија, мина во знакот на препукувањата на трибините меѓу двете навивачки групи, поради што имаше прекин од повеќе од еден час. Реагираше и полицијата, се испразнија трибините каде беа двете навивачки групи, Кумани и Шверцери, а во продолжението на мечот, Кумановци беа убедливи и славеа победа.
Александар Костоски постигна 27 поени за Куманово, а одлично одигра и репрезентативецот Ивица Димчевски, со 24 поени. Американецот Инграм беше стрелец на 15 поени за победничкиот тим, додека Георгиевски исто така одигра добар меч, реализирајќи реализираше 14 поени. Кај Лирија, најзабележителни беа Диме Тасовски со 21 и Радуновиќ со 20 поени.
Утре од 18 часот, во првото полуфинале ќе играат МЗТ Скопје и Фени Индустри, што ќе биде реприза од ланското финале. По нив, од 20,45 часот ќе играат Куманово и Кожув.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


