Одлуката на владата за укинување на давачките за хонорарците предизвика низа реакции во јавноста. Според претседателот на Конфедерацијата на работодавци, Миле Бошков, укинувањето на пензиското и на здравственото осигурување за хонорарците ќе значи помал товар за пресметките, односно хонорарците ќе знаат како да си ги пресметаат своите услуги и персоналниот данок.
– Секако, тие самите решаваат што ќе прават со своето работно место, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување. На овој начин точно ќе знаат каква е калкулацијата, или сами да влезат во пензискиот столб или да останат во таква ситуација во каква што се – смета Бошков.
Од друга страна, според Бошков, за работодавците двоен е бенефитот. На долг рок точно ќе знаат како да го водат бизнисот, односно да ја применат стратегијата за водење на бизнисот.
-Истовремено, веднаш имаат техничко олеснување за водење на бизнисот, бидејќи не ќе мора да прават калкулации на тие на кои им исплаќаат хонорари, да можат да се договараат дали ќе биде повисока или пониска сумата, дали ќе влегуваат во сивата зона- чисто и лесно како што беше досега, така мислам и дека треба да остане – нагласува Бошков.
Успешноста на проектот Македонија вработува е една од главните причини поради кои се укина законот за хонорарците. Бошков вели дека секогаш е добро кога работниците добиваат социјална сигурност, загарантирано работно место, бидејќи понатаму можат да си го планираат животот за некои посигурни цели.
Работодавците, со проектот кој помага при вработувањето, ќе имаат цел да бидат стабилни, да можат да напредуваат со повеќе вработени. Генерално, ова е многу добра мерка за целото општество – тврди претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст