Инвестицијата на ОДВ „Електрик“ ќе биде од огромно значење на охридско–струшкиот регион. Од економска гледна точка ќе значи препород за овој регион, но можност и за многу домашни компании да го развијат својот бизнис, вели за „Лидер“ директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, кој вчера заедно со раководството на компанијата го потпишаа Договор за изградбата на фабриката во зоната помеѓу Охрид и Струга.
– Ова е прва инвестиција што се најавува за охридско–струшкиот регион и илјадата вработувања таму, навистина, ќе значат еден препород за целиот регион од економска гледна точка, но истовремено и можност за голем број домашни компании да бидат бидат вклучени во процесот на поддршка на оваа инвестиција без разлика дали се снабдувачи, производители на некои од компонентите што се потребни за ОДВ „Електрик“ или, пак, ќе нудат некои услуги како што се кетеринг, логистика, обезбедување и слично. Тоа што беше интересно, пред две и пол недели, кога го претставивме проектот на КСС во Кичево, тука беа пртетставниците на ОДВ „Електрик“ на тој настан. Вчера во публиката беа претставници на Костал,а тоа е следната компанија, која треба да биде стационирана во технолошко индустриската развојна зона во Струга, која ќе биде сосед на ОДВ „Електрик“, што значи дека овие две германски компании претходно имале некои контакти, но самите веќе разговарале за продлабочување на соработката бидејќи ќе бидат соседи во зоната во Струга – вели директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
До крајот на годината најавени нови инвестиции
Мизо вели дека во моментот се преговара со различни компании кои имаат интерес да инвестираат, а некои веќе донеле и интерни одлуки за инвестирање во Македонија , едната е во Скопје, а втората во југоисточниот дел од земјава.
– Неколку компании кои што беа во изминатиот период, се кажани како компании кои што имаат интерни одлуки, една компанија е тука во Скопје која е исто така од автомобилската индустија, една компанија во југоисточниот дел на државата. Ние како технолошко индустриска развојна зона во моментов сме во крајни разговори со неколку други компаниии од кои очекувам да имам одговор – некаде до крајот на месец октомври. Но истовремено и моите колеги од тимот за привлекување странски инвестиции секој во својот домен и географска распределба разговараат со поголем број на компании и немора да значи дека сите ќе бидат од автомобилската индустрија, но се надеваме на брза одлука во близа иднина – истакнува Мизо.
Во зоните ќе се креираат повеќе од 4.700 нови работни места
Првичните проценки за креирање на 4.700 нови работни места во зоните, може да бидат надминати врз основа на вработувањата во „Гентерм“, КСС, „Техникал текстајл“ и други компании во во блиска иднина треба да запознаат со производство.
Две инвестиции за два дена
Премиерот Груевски по потпишувањето на договорот со ОДВ Електрик изрази задоволство што во пресрет на големиот државен празник Илинден се објавуваат две нови големи инвестиции во Македонија, на „Кранфилд фаундри“, со која беше потпишан договор пред два дена и на ОДВ „Електрик“. Најзначајно во проектот на „ОДВ електрик“, нагласува Груевски, е планираното етапно отворање на 1.000 работни места, кои се особено значајни за целиот охридско струшки регион и ќе значат нови можности за работа и кариера на многу граѓани од околните градови и помали населени места.
Тоа е нашата примарна цел за која ќе продолжиме напорно да работиме, рече Груевски порачувајќи им на претставниците на ОДВ електрик дека во Владата и државните институции и понатаму ќе имаат партнер за соработка.
ОДВ „Електрик“, како што посочи, е уште еден голем европски производител од автомобилската индустрија, која ќе изгради своја фабрика во Македонија.
– Станува збор за семејна компанија со свои капацитети во Германија, Украина, Унгарија, а во наредниот период и во Македонија. Компанијата изработува разни компоненти за автомобили, а со нејзиното присуство во Македонија уште повеќе го зајакнува нашиот имиџ како земја на автомобилската индустрија- рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст