Работнички направи сензација и го победи Трабзонспор со 1-0 во првиот квалификациски меч од третото коло за пласман во Европа Лигата на УЕФА.
Голот на капитенот Баже Илијоски во 23. минута по филигранското додавање на Стефан Вујчиќ го кутна фаворитот од Турција.
Трабзонспор е десеткратно поскап проект од Работнички и тимот вреди над 100 милиони евра, но крај Вардар во Скопје повторно во мода беше роматниката. Борбени, трпеливи, конкретни и квалитетни беа фудбалерите од Македонија во дуелот со турскиот клуб, особено во првото полувреме кога беше решен мечот.
И во вториот дел Работнички рамноправно се носеше со ривалот од Турција, а шансата на мечот за 2-0 ја промаши Чуму Анене во 73. минута. Шпицот на домаќините осамен промаши со глава од само пет метри. Сепак околу 10 илјади гледачи на националната арена „Филип втори“ арената со громогласни аплаузи ги испратија играчите на Работнички и тоа апсолутно заслужено.
Реваншот е за 7 дена во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.