Пратеник од партијата на Унгарците во Србија, Балинт Пастор денеска ги обвини мигрантите дека додека минуваат низ земјата им нанесуваат штети на земјоделците, па праша кој ќе им ја надомести штетата. Според него, жителите на Кањиџа заради мигрантите „не можеле нормално да живеат“.
-Мигрантите одат низ ниви и овоштарници, со што нанесуваат големи штети на земјоделците. Во поштите има редови од мигранти, угостителските објекти се полни со мигранти, нема место во автобусите за нашите граѓани, Загубите во туризмот се големи заради откажувањата поради мигрантите- посочи пратеникот во Парламентот.
Ресорниот министер за социјални прашања Александар Вулин му одговори дека Србија не може и нема да им забрани да влегуваат и да се движат низ земјата без да се прекршат човековите права.
-Не можам да речам дека тие луѓе прават кривични дела, немаме пријавена ниедна кражба или насилство. Тие одат со својата мака и несреќа. Невозможно е да им забраниме да се движат, не ни дозволуваат да правиме собирни центри, а јас постојано ја прашувам ЕУ кој ќе плати за ова- одговори Вулин.
Вулин додаде дека со унгарската најава за ѕид на границата со Србија мигрантите се побрзо се движат кон северот на земјата за да влезат во ЕУ.
Пратеникот Ненад Чанак реплицираше дека е недозволиво да се зборува за тоа дали некој сака или не мигранти во земјата и дека е срамно за Унгарија тоа што мигрантите ги исфрла од државата во заклучени вагони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил