Во Хрватска живеат од 50 до 100 лица, кои можат да се сметаат за екстремни исламисти поради своите убедувања, ставови и начин на мислење. Тие лица главно живеат во реонот на Пула, на Риека и на Загреб, објави неделник „Глобус“.
Весникот повикувајќи се на извори од разузнавачките служби наведува дека никој од нив не е толку радикален да планира и да извршува терористички напади. Поактивните лица им се познати на хрватските безбедносни служби.
„Глобус“ посочува дека седум или осум хрватски граѓани имаат двојно државјанство односно сириско, како и дека службите имаат податоци за десетина лица, пред се жени, кои имаат директни контакти со екстремните исламисити и се одлучиле да го прифатат исламот.
– Главно тоа се млади девојки или жени до 30-годишна возраст, кои зад себе веќе имаат еден брак и сакаат да склучат нов брак, пишува „Глобус“.
Според хрватските безбедносни служби во моментот земјата не е под закана од директен терористички напад, но и покрај тоа зголемено е безбедносното ниво.
Хрватските безбедносни служби внимателно ја следат и границата со Босна и Херцеговина, во која живеат 4.000 екстремисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.